Писонеро: Беше тешко, но брзо се адаптиравме на нивната игра „7 на 6“

Веднаш по натпреварот во прес салата на СЦ „Јане Сандански“ своите импресии ги споделија тренерот на европскиот шампион Вардар, Давид Писонеро.

„Црвено-црните“ вечерва во својот прв домашен меч сезонава во Лигата на шампионите триумфираше над Порто и по две одиграни кола се наоѓа на врвот во „Б“ групата.

Порто се покажа како цврст противник особено во првото полувреме, но во вториот дел комплетно се вратија европските шампиони.

– Честитки до Порто за играта, одигра добар меч, очекувавме такво нешто, тоа е еден добар тим, доста амбициозно дојде во Скопје. Немавме во првото полувреме решение за нивната брза игра, голманите не ни помогнаа, но во вториот дел одбраната беше на повисоко ниво, се адаптиравме брзо на нивната игра „7 на 6“- изјави на прес конференцијата, тренерот на Вардар, Писонеро.

Прочитајте и...  Ужас во Мексико: Фудбалер уби судија за време на натпревар
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Руското лево крило Дибиров предупреди дека Порто брзо расте и дека ќе биде тешко на возвратниот дуел во Португалија.

– Честитки на Порто за добрата игра, беше тешко, не фунциониравме како што треба во првото полувреме, но во второто ја пронајдовме нашата игра. Мислам дека Порто нема да ја заврши групната фаза само со 2 бодови, клубот брзо расте и применува еден добар ракомет. Верувам дека на нивни терен ќе биде тешко, а ние ги гледаме сега нашите мечеви во наредниот период. Среќни сме, им благодарам за поддршката на навивачите, иако искрено очекував полна сала, но како и да е дефинитивно „грмеше“ во салата – беа зборовите на ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров.

Прочитајте и...  Халанд е најголемата грешка на еден од најдобрите ловци на таленти

Како подготовка за третото коло во елитното европско клупско натпреварување наредниот викенд против Мотор Запорожје, нашиот првак ќе има нов дуел во СЕХА Газпром лигата на домашен терен против хрватскиот Нексе во вторник (24 септември) со почеток од 20.45 часот.

Слободен печат

Андерсон: Критика на моја сметка, претеравме со играта „7 на 6“

Тренерот на Порто, Магнус Андерсон му ја честиташе на Вардар победата, воедно е горд на своите играчи, но неколку сегменти според него се покажале како клучни за поразот на неговите ракометари.

– Имавме добро прво полувреме, не сме разочарани од резултатот, туку од играта особено во вториот дел. Критика и на моја сметка, премногу ја практикувавме играта „7 на 6“, и Вардар тоа знаеше да го казни со лесни голови. Имавме многу шанси, не ги реализиравме, исто така во вториот дел имавме многу исклучувања, па поради тоа Вардар и ја направи разликата. Како и да е горд сум на тимот, добро се боревме во одбраната, но пак ќе кажам направиме грешки, игравме против еден многу добар тим. Имаме што да научиме, ова за нас е едно повисоко ниво за нас. Одиме чекор по чекор, како клуб растеме и едвај го чекам возвратниот меч со Вардар – рече тренерот Андерсон.

Прочитајте и...  Косовските навивачи се спремни, европскиот сон нема да застане во Скопје!

Прочитај повеќе

Македонија без промени на ФИФА ранг листата

Слободен печат

Мурињо: Али не е лут на мене, го заменив и тимот се подобри! (ВИДЕО)

Слободен печат

Вернер „горд“ што се поврзува со трансфер во Ливерпул

Слободен печат

Чупиќ: Имавме состанок со Самсоненко, до крајот на месецот ќе знаеме нешто повеќе!

Слободен печат

Меси: Би сакал да се врати Нејмар, а Мартинез е одличен напаѓач!

Слободен печат

Аталанта ја растури Валенсија, Нагелсман го надмудри Мурињо (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

9 − три =

Прочитај повеќе

Де Брујне во главната улога во триумфот на „граѓаните“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Вардарци во осминафиналето на ЛШ најверојатно против тимот преку кој лани обезбедија фајналфор

Слободен печат

Тренерот на Лајпциг е нов рекордер во Лигата на шампионите

Слободен печат

Халанд е најголемата грешка на еден од најдобрите ловци на таленти

Слободен печат

Тодоров го избра конечниот список: Отпаднаа тројца дебитанти

Слободен печат

Рашфорд неизвесен и за Европското првенство

Слободен печат