Писмото на Николовски ги размрда партиските функционери

Од СДСМ посочуваат дека станува збор за редовни насоки и задолженија од шефот на Централниот изборен штаб, на веќе воспоставениот одговорен, модерен, европски систем на работа.

За партиската порака на генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски до членството, да не се сликаат по кафеани и „фотките“ да не ги постираат по социјалнте мрежи, Иван Стефановски од Евро тинк вели дека ако пораките се искрени и добро осмислени, треба позитивно да влијаат и врз партискиот имиџ и врз гласачите.

– Конкретно Љупчо Николосски како генерален секретар и функцонрер на СДСМ има кредибилитет тоа да го каже, бидејќи важи за релативно скромен политичар. Во јавноста имаше информации дека сите дневници како министер ги донирал во СОС детското село. Тоа во секој случај треба да биде прочитано позивно. На дел од партиските функционери тоа сигурно ќе им пречи бидејќи како директори и раководители не ќе можат преку фотографија дека седат и пијат по кафеани скапи пијачки- вели Стефановски.

Од СДСМ посочуваат дека станува збор за редовни насоки и задолженија од шефот на Централниот изборен штаб, на веќе воспоставениот одговорен, модерен, европски систем на работа.

-Писмото е со цел афирмација на веќе утврдените принципи и пракси за отчетно и одговорно однесување на сите партиски функционери. Станува збор за внатрепартиска комуникација која промовира пораки за крајно посветено и одговорно работење исклучиво во интерес на граѓаните и државата, наспроти расипничкото однесување на претходната власт. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот систем на одговорност, транспарентност и отчетност е непозната категорија и затоа имаат потреба да критикуваат се што е во насока на нормално, функционално делување на партијата- стои во партиското соопштение на СДСМ.

Од друга стана универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на својот фб напиша „Дали забраната за фотографирање по кафеани и сл. важи само за членови на СДСМ или и за симпатизери и треба ли наназад да се бришат вакви фотки- праша Калајџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот