Писмо од новинари до унгарската влада: Укинете го пристапот на приватните медиуми до болниците и пунктовите за вакцинација

Десетици независни унгарски медиуми денеска објавија писмо во кое бараат од Владата на премиерот Виктор Орбан да ги укине ограничувањата за известување за здравствениот систем за време на пандемијата на ковид-19.

Унгарската Влада соопшти дека само на државните медиуми им е дозволен пристап до болници и центри за вакцинација, но ги негираше ограничувањата за известување.

Меѓутоа, независните медиуми тврдат дека им е забрането да зборуваат со медицински лица.

– Лекарите и медицинските сестри немаат слобода да зборуваат со јавноста, додека на новинарите не им е дозволено да влезат во болници, така што не можеме да процениме што се случува таму, се наведува во писмото потпишано од 28 независни весници и портали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот