Писмо од граѓани: Изолирани сме на планина близу Кавадарци и не третираат како криминалци

Во редакцијата на „Слободен печат“ пристигна анонимно писмо каде е пишано како околу 40 македонски државјани кои пристигнале на граничниот премин Деве Баир без никакво следење на препораките од владата биле третирани нехумано и донесени во Одморалиште Михајлово каде немаат греење и средства за лична хигиена.

„На 23.03.2020 (понеделник) околу 40 души пристигнавме на граничниот премин Деве Баир по претходна еднонеделна голгота по аеродромите во Истанбул и Софија. По пристигнувањето на граничниот премин Деве Баир бевме качени во 1 автобус без никакво следење на препораките од владата за социјална дистанца и без да ни бидат дадени заштитни маски и средства за дезинфекција.

По 4 часовно патување бевме донесени во Одморалиште Михајлово во планина на 40 км од Кавадарци кадешто наидовме на субхумани услови за престој т.е без греење, без основни средства за лична хигиена. Не беа покриени ни летот, ни транспортот од аеродром.

Сместени сме по двајца во соба и окружувањето е како во самица заклучени од надворешната страна на собата и се отвора само кога се дава храна. Истотака и наидовме и на груб однос од страна на полициските службеници односно третирани сме како криминалци.

Мобилните уреди не функционираат бидејќи нема мрежа и имаме потешкотии како да комуницираме со нашите најблиски и надлежни институции. Немаме можност да побараме помош од фамилијата и пријателите зошто објектот е во планина, а патот до таму завеан во снег.

Некои од сместените немаат ништо со себе ниту гардероба, има стари и изнемоштени лица на кои им се неопходни нормални услови и медицинска нега. Во објектот нема никаков персонал, а во итен случај за најбрзо да се стигне до градот се потребни 2 часа.

Апелираме до владата, во најкус можен рок да обезбеди нормални капацитети во град или да ги прати лицата во домашна изолација со потпишување изјава.“, пишуваше во писмото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот