Пишувањето ме спасува, а Јанчев радува и ветува

Митко Јанчев е парадигматичен случај во ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека тој, како и некои луѓе кои ја разработуваат идејата „Македонски концепт“, може да бидат алтернатива на штетниот и политички нерелевантен Мицкоски. Велам „штетен“ затоа што досега Мицкоски не добил ниедни избори и досега тој нема никаков реален политички кредибилитет.

Последните дванаесет години Кавадарци е мојот град. Тој град не е моето истражување и авантура, туку тоа е град во кој се затекнав по моите турбулентни спортски денови. Оттука, овој текст ќе биде „длабоко“ личен и „длабоко“ јавен, ќе проблематизирам две теми. Едната е лична, а другата општествена. Сакам на почеток да кажам – ако Скопје беше мојот град на деведесеттите, град што ги дефинира моите „афирмативни години“, тогаш Кавадарци е градот што ги дефинира моите „средовечни години“: жена, дете и семејство.

Имено, во Кавадарци можам слободно да читам, да пишувам ѝ да се занимавам со „духовна работа“, можам да ги обновам или реобмислувам сеќавањата, можам да го проблематизирам самиот чин на заборавањето, можам повторно да се пронаоѓам себеси, да се ресоздавам низ пишувана форма, трагајќи по нови идентитети. Понекогаш мислам дека за да се пишува – без разлика дали е тоа колумна во весник или новела – значи да се соблекува стариот костум, обидувајќи да осознаеме кои сме всушност ние. Звучи како многу банална дефиниција, ама сепак многу вистината.

Град по мерка

Во однос на стандардот (емотивен, мисловен, филозофски и љубовен), мислам дека нашите можности се многу мали. Дали денес живееме на начин што може да ги надмине нашите способности, тоа е навистина големо прашање. Јас во моите четириесет и една година живеев географски во иста земја, а тоа сепак беа неколку различни политички системи. Во некоја смисла, на тоа се осудени сите општества, освен можеби оние кои се најстабилни и најбогати.
А, општества што не се доволно развиени или општества што се слаби, таквите секогаш трагаат за личности и поединци кои тие ограничувањата ќе успеат да ги подрипнат, ќе успеат да ги подигнат општествените стандарди, неретко таквите луѓе удираат и со глава во „општествениот плафон“, ама тоа е цената што вреди да се плати.

Прочитајте и...  Жената која му роди две деца на Асанж отворено проговори за нивната голгота (ФОТО+ВИДЕО)

Сакам да кажам, мојата приказна со Кавадарци е длабоко лична и интимна, во овој град запознав многу продуктивни луѓе, работливи и коректни кон оние луѓе „кои не се наши“. Во овој град јас имам дете, жена и пријатели. Го доживувам Кавадарци како многу пријатно место за живот затоа што некако е направен како град што ја отсликува човечката мера; не е премногу голем, ама не е ниту премногу мал. А јас тоа многу добро го знам бидејќи имав можност – или можеби проклетство? – да живеам во неколку градови, и во Македонија и надвор од неа. Сакам да кажам, Кавадарци е прилично пријатен, благороден град, неагресивен, толерантен и едноставно овде луѓето кои го поминуваат својот живот организационо, семејно, како и начинот на кој комуницираат и изразуваат симпатија, па дури и антипатија, некаде и одговара на мојата човечка природа. Кавадарци во некоја чудна смисла е направен на начин што ѝ годи на мојата ментална фреквенција. Сите други градови кои ме обликуваа низ годините, ги оставив зад себе.

Да одиме сега со оној дел за кој велам дека ќе биде „длабоко јавен“. На моја голема радост, кавадарчани го имаат за градоначалник Митко Јанчев. Од она што го гледам, и посредно и непосредно: Јанчев е модерен европски десничар. Што би можело да значи тоа? Па, како прво би можело да значи две работи: длабоко ја почитувам неговата работа затоа што знае да препознае добри политики и луѓе, ја разбира сложеноста на државата, прилично му се јасни премрежијата околу договорите со Грција и со Бугарија, дури јасно му е и Макроновото „не“ за проширување, а притоа ништо од ова не треба да го интересира, бидејќи Јанчев не е премиер, туку градоначалник на град Кавадарци. Второ, јасно ја разбира потребата дека неговата матична партија мора да се реформира: неговото делување како градоначалник многу луѓе вознемири – имаше став за некои магистрални патишта по кои државата требаше да се движи, а неговите ставови се косеа со генералната политика на врхушката во Скопје.

Прочитајте и...  Ин мемориам: Замина Градимир Јовановиќ – Киби

Мицкоски е нерелевантен

Од друга страна, Кавадарци пред само три години изгледаше како некое предградие на Калкута, а денес, со добриот општински менаџмент, Кавадарци изгледа урбано и модерно. Прилично јасно се гледа дека Јанчев воспостави општински систем: секој мора да знае што е неговата работа. Пред тоа никој со овие работи не се занимаваше, сите ја пикаа главата во песок.

Е, сега, зошто Митко Јанчев е голем проблем за раководството на ВМРО-ДПМНЕ? И како може да ја објасниме агресијата што стига до Јанчев поради неговиот градоначалнички (и иманентно политички) ангажман? Никој разумен не може да му припише дека е обична скопска подружница на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Неговата решителност и интегритет не дозволува да биде обичен послушник на Мицкоски. Ако оваа практика беше важна со претходниот градоначaлник, тоа денес со Јанчев не проаѓа. Заради тоа, но и за работите кои ги напишав, овој човек ги добива моите симпатии, бидејќи нема Мицкоски што да сугерира ѝ да се однесува авторитарно до Јанчев. Тоа Мицкоски може да го прави во неговата партија, во Кавадарци едноставно не проаѓа. Друга работа, чисто поради „реконтекстуализацијата“ која нималку не е неважна.

Прочитајте и...  Никола Тесла: Технологијата ќе го открие вистинскиот потенцијал на жената

Единствено Митко Јанчев доби гласови за градоначалник од сите кандидати на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2017 година. Оттука, многу поголема политичка тежина има Јанчев, отколку Мицкоски. И за разумен човек тука нема никаква дилема. Добивањето, пак, на градоначалнички мандат на Јанчев, многу е важно да се потенцира, притоа таквиот „мандат“ се одвиваше во еден поширок политички контекст во кој ВМРО-ДПМНЕ пропаѓаше поради политиките на Никола Груевски. Оттука, Кавадарци не е некој пацифички остров, туку постои во политичкиот контекст на Северна Македонија. Таквиот авторитарен контекст од тоа време е видно изменет, а тоа значи дека не може да го користите Јанчев со истите матрици кои Груевски ги користеше за неговите градоначалници низ целата земја. Едноставно, ова денес не е исто што беше она вчера. Двапати во иста вода не се влегува, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Митко Јанчев е парадигматичен случај во ВМРО-ДПМНЕ. Верувам дека тој, како и некои луѓе што ја разработуваат идејата „Македонски концепт“, може да бидат алтернатива на штетниот и политички нерелевантен Мицкоски. Велам „штетен“ затоа што досега Мицкоски не добил ниедни избори и досега тој нема никаков реален политички кредибилитет. За разлика од Митко Јанчев, човек што ги доби изборите, притоа денес Кавадарци не изгледа како предградие на Калкута, денес Кавадарци е еден од најпросперитетните градови (ако не и најпросперитетен) во целата Република. А тоа во политичка смисла може да значи само едно: Кавадарци со Јанчев радува и ветува.

Прочитај повеќе

Што може да научи Европа од шведската стратегија против коронавирусот?

Слободен печат

Нови мерки, нови бројки, нова граница?

Жанета Скерлев

На плимата на новофашистичките климатски промени

Мирослав Грчев

Жената која му роди две деца на Асанж отворено проговори за нивната голгота (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки

Слободен печат

Новинарската почит кон него ќе биде вечна

Иван Андреевски - Маче

1 comment

Lui 19/01/2020 - 12:23 at 12:23

Ubavo, se ubavo sho velish za gradonachalnikot na Kavadarci. Megutoa sporedbata so Mickovski……….. i kuche skitnik sporedeno so Mickovski e poveke vredno od Mickovski. Mitko Janchev e vo pogreshna partija.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Монсунски дождови го потопија Белград, вакво невреме не се памети (ВИДЕО)

Слободен печат

Градимир се одјави, замина голем човек

Џабир Дерала

Нападнати унгарски финансиски институции од хакери од Кина, Русија и Виетнам

Слободен печат

Новинар и човек каков што ова време не може да роди

Бранко Тричковски

Никола Тесла: Технологијата ќе го открие вистинскиот потенцијал на жената

Слободен печат

Кавадаречкиот градоначалник Јанчев од трибина: Дај Боже сите да бидеме како Заев! (ВИДЕО)

Слободен печат