Пишувачки предизвик на „Три“: Карантински приказни – Антологија на изолацијата

Издавачкиот центар „Три“ иницираше пишувачки предизвик со тематски наслов „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“. Целта на предизвикот е да дадат поттик за оригинални и интересни раскази што би биле напишани во време кога сите сме принудени да останеме во изолација и дружење најмногу со себе и со сопствените мисли.

– Покрај читањето, голема смисла на нашето секојдневје му дава и пишувањето, како еден од начините да се справиме со големата промена, но и да создадеме траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашите животи – велат од „Три“.

Најдобрите раскази од предизвикот ќе бидат објавени во издание што ќе остане како антологија да сведочи за бурниот, на моменти и нереален, период во кој живееме. Сите пристигнати творби на имејлот [email protected] ќе бидат внимателно прочитани од редакцијата на „Три“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 24, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 28-29 март 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот