Пиштолот со кој е убиен Били Кид продаден на аукција за шест милиони долари

фото: Инстаграм

Пиштолот со кој е убиен познатиот американски криминалец од 19 век, Били  Кид, продаден е на аукција во Лос Анџелес за 6,03 милиони долари, што е рекордна цена за продажба на пиштол.

Првичната почетна вредност на  оружјето била меѓу 2 и 3 милиони долари.

Пиштолот му припаѓал на познатиот шериф Пет Герет, кој успеал да му влезе во трага на одметникот и да го убие на 14 јули 1881 година во Ново Мексико. Били Кид тогаш имал 21 година.
Аукциската куќа „Бонамс“ откри дека оружјето е многу сочувано и е во добра состојба.

Били Кид, роден како Хенри  Мекарти и познат под псевдонимот Вилијам Бони, бил прочуен бандит кој најголем дел од животот го поминал во бегство. Неговиот живот е  инспирација за филмови снимени за него како и за Пет Герет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот