Пишман аџија: Каракачанов понуди оставка, па се премисли, ја повлече и пак ја понуди

Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов повторно го уреди својот пост на социјалната мрежа Фејсбук и го врати делот кој го избриша претходно, во кој изрази подготвеност да се повлече од сите функции, јави БГНЕС.

Рано утрово на Фејсбук се појави објава на Каракачанов по повод Денот на независноста, во која се вели дека тој е подготвен да се повлече и повика на формирање експертска влада. Малку подоцна беше повлечен тој дел, за сега повторно да е вратен во објавата.

– Ако ме прашувате мене, повеќе од сè, сега е потребен формат на дијалог. Подготвен сум да го гарантирам овој дијалог. Јас самиот неодамна ветив дека ќе се повлечам од функцијата вицепремиер ако Бојко Борисов и Румен Радев си подадат рака за намалување на тензиите и експертски кабинет за да ја извадат Бугарија од оваа сегашна политичка криза без реваншизам и политичка пристрасност. Јас го предложив ова на Денот на обединувањето и потсетувам на Денот кога ја славиме Независноста”, напиша Каракачанов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот