Пишек објави фотографии од болницата и напиша потресен статус за тоа што го преживеале: Нашиот втор роденден, бидејќи уште сме живи

Instagram
Instagram

Во саботата вечерта во станот на водителката Николина Пишек пукнала цевка од гасот кој го осигурува греењето за целата зграда, по што таа и нејзината ќерка Уна се затруле. Веднаш биле хоспитализирани, а по излегувањето од болницата водителката на нејзиниот инстаграм-профил објави фотографии од болница.

„Нашиот втор роденден. Бидејќи уште сум жива. Како и моето девојче. И ќеркичката на пријателот која тоа попладне беше кај нас. Само поради интуицијата на мојот сопруг го преживеавме труењето со јаглероден моноксид. Уна беше помалку затруена од мене поради разликата во висината, од иста причина и моите кучиња се живи бидејќи дишат на триесетина сантиметри висина. А CO е полесен од воздухот. И прво ќе ги наполни горните делови на вашите станови. Во зависност од кубикажата и брзината со која истекува и од висината на вашите плафони, со тоа темпо ќе ве убие. Тивко. Без алармирачки знаци дека вашите витални ткива токму во тој момент умираат. А тој процес, во моментот кога тивкиот убиец ќе почне да влегува во вашите бели дробови, ќе се врзува за хемоглобинот и ќе се дистрибуира по виталните органи. Клеточна смрт. Една по една изумираат клетките од вашето мозочно ткиво, срцето на кое тајно му се заканува инфаркт, црниот дроб и бубрезите.“

Пишек напиша дека ништо не ѝ укажувало дека се затруени. Се напила таблета за смирување бидејќи ја болела главата, а срцето силно ѝ чукало.

„После тоа ќе си легнете. Последен пат во животот, доколку немате луда среќа каква што имавме ние. Да заспиете и да бидете несвесни за она што следи. Светлата на брзата помош, полицијата, интервентните единици, пожарникарите, плачот и очајот на нашите најблиски, сирената, жолтите и сините одблесоци на ротирачките светла на фасадата како сведоци за трагедијата. Вас веќе ве нема. Крај. Затоа ве молам да го игнорирате моето незнаење и негрижата и сѐ што можете да ми припишете“, напиша Пичек и ги замоли сите да внимаваат и да останат безбедни. Апелираше на законодавните тела да воведат задолжителен детектор на CO.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот