ПИСАТЕЛ ЈА ЗАПАЛИ БАЛКАНСКАТА ЈАВНОСТ: Се*с со малолетно лице не е педофилија ако веќе изгубило невиност

Принтскрин

Писателот Михаило Алиќ, кој е и активист за рамноправност меѓу половите, направи вистинска бура меѓу твитер-корисниците од целиот регион.

Тој напишал дека секс со малолетно лице кое веќе изгубило невиност не треба да се смета за педофилија.

Многу од твитер-корисниците реагираа остро на ваквиот став, но и го пријавиле профилот како опасен поради споделеното мислење. Некои твитерџии од Србија го препознале Алиќ како професор од Осмата белградска гимназија, но за ова нема официјална потврда од никого.

Тој веќе објавил и книга за, како што самиот напишал на Твитер, „љубителите“ на феминизмот. Во своите твитови постојано се занимава со родот и правата на мажите.

Српскиот писател се уште не излегол со став за својот твит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот