„Пирогов“: Повредените од автобуската несреќа се во стабилна здравствена состојба

Фото: mia.mk

Здравствената состојбата на сите повредени, примени по автобуската несреќа на автопатот Струма во болницата „Пирогов“ е стабилна и непроменета, соопштија од таму.

Проф. Николај Габровски, раководител на Клиниката за неврохирургија, операцијата извршена во четвртокот врз пациентот Орхан Алити ја оцени како нормална со непречен постоперативен период. Дека се чувствува добро потврди и самиот Алити во изјава за „Слободен печат“.

„За настраданите од денот на приемот до денес им се обезбедува потребната медицинска нега. Секојдневно се проценува нивната состојба и се спроведуваат потребните мерки за лекување. Следува нивно постепено отпуштање“, соопштија од болницата.

Шест од повредените патници се згрижени на одделенијата за изгореници каде се лекуваат од здобиените повреди при спасувањето од автобусот на смррт.а

Болницата на првиот ден од приемот на повредените лица од катастрофалната сообраќајка на автопатот Струма лиферуваше список со имиња за интерна употреба за роднините од Скопје кои дојдоа во Бугарија да бараат информации, со 7 пациенти примени критичната ноќ на болничко лекување.

На овој список прв беше регистриран Шади Науфал Салех, како згрижен на одделението за Трауматологија што предизвика забуна и  шпекулации дека станува збор за арапски државјанин кој се спасил од автобуското инферно, без да се знаат причините како се нашол таму, по што мистериозно исчезнал од болницата.

Доцна синоќа во бугарските медиуми се јави споменатиот Шади Науфал Салех, со изјава дека е бугарски државјанин кој кобната вечер бил исто така примен во болницата со скршеница на раката, без да има воопшто допирна точка со несреќата.

На списокот сепак недостастуваше името на Орхан Халити, но тој фигурира на списокот на повредени патници кој го објави официјално македонскиот министер Бујар Османи кој во неколку прилики ги посети повредените седуммина во болницата.

На прес конференција вчера, бугарското јавно обвинителство соопшти дека од автобусот се извлечени тела на 44 патници, а според листингот земен од граничниот премин Капитан Андреево, во автобусот од Турција се превезувале 52 патници. Со оглед на тоа што двајца од повредените седум, сведочеле дека од автобусот живи излегле 8 патници, за бугарските истражители вчера беше мистериозно прашањето има ли осми преживеан и кој е тој, ако се исклучи вчера откриениот Салех кој воопшто не бил патник во македонскиот автобус на „Беса Транс“.

Една од верзиите на бугарските истражители која се истражува е дека мистериозниот осми патник го напуштил местото на несреќата со некое друго возило кое можеби поминало на автопатот ноќта додека горел автобусот или се качил во друг автобус на „Беса Транс“ кој поминал последен после пожарот.

Сега и македонското обвинителство се уште ја проверува мистеријата дали имало осми патник кој ја преживеал страотната сообраќајка и пожарот во кој изгореа 44 патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот