Пирло ја презеде одговорноста за дебаклот, но не поднесува оставка

epa09121097 Juventus? coach Andrea Pirlo gestures during the Italian Serie A soccer match Juventus FC vs SSC Napoli at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 07 April 2021. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

– Кога седнав на клупата на Јувентус, имав на ум еден поинаков проект и мислев дека ќе имам на располагање друга група играчи, вели тренерот на Јувентус.

Оваа сезона на Јуветус би можела да заврши без место во Лигата на шампионите. „Експериментот“ со тренерот Андре Пирло кој нема големо тренерско искуство не дава најдобри резултати…

Милан вчера им одржа лекција на „бјанконерите“, разбивајќи ги на сред Торино со 3:0. „Старата дама“ се лизна на петтото место, а во последните три кола од Серија А ќе води голема борба со Аталанта, Милан и Наполи за три места во најсилното натпреварување на Стариот континент. Лацио исто така има шанса.

Пирло ја презеде целосната одговорност за високиот пораз од Милан, но нема намера да се раздели со Јуве:

– Пред натпреварот реков дека тимот изгледаше добро во текот на неделата, трениравме со вистински менталитет и концентрација. Екипата беше убедена дека можеме да играме добро и да победиме, но тоа не беше случај. Го започнавме натпреварот прилично добро, но загубивме подоцна. Тешко е да се објасни сега. Имаше многу сегменти во играта кои не функционираа. Кога ќе загубите важен натпревар 3:0, тоа значи дека многу работи не функционирале, но јас морам со мирна глава да разговарам со играчите – изјави Пирло за „Скај Спорт Италија“.

Тренерот на Јувентус по натпреварот беше запрашан дали размислува да даде отказ или челниците на клубот ќе го заменат. Пирло призна дека не очекувал таков Јувентус оваа сезона и дека мора да ја смени својата визија.

– Не, нема да се откажам. Ја прифатив оваа улога со голем ентузијазам. Јас сум на располагање на клубот, имам уште три натпревари пред мене, така што ќе продолжам да ја работам мојата работа сè додека ми е дозволено да го правам тоа.

Кога го преземав Јувентус, имав на ум еден поинаков проект и мислев дека ќе имам на располагање друга група играчи. Работев на некои концепти, но потоа морав да направам измени за да одговараат на нивните карактеристики и морав да се прилагодам – додаде Пирло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот