Пирло: Има млади и неискусни во Јуве, далеку сме од Барса!

фото: facebook.com/Juventus/

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е свесен дека неговиот клуб уште не е на нивото на Барселона.

Во средата во дербито на колото во Лигата на шампионите на стадионот во Торино италијанскиот првак загуби од каталонската екипа со 0:2. Пирло верува дека тој пораз ќе биде од корист за „Старата дама“:

– Мора да работиме додека не го достигнеме нивото на Барселона. Знаевме дека ќе биде тешко против екипа која е навикната да игра вакви натпревари, додека ние сме млад тим и „проект“ кој расте. Ова ќе ни биде корисно искуство за фудбалски развој и напредок – рече италијанскиот тренер.

Јуве играше без Кристијано Роналдо, а во екипата има неколку млади и талентирани играчи како Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски, потоа Рабио, Бентанкур…

ФОТО: Барса ниско удира, стигна експресен одговор од „Старата дама“!

– Клубовите имаат своја ера, а ние имавме големи фудбалери со огромно интернационално искуство. Сега грото на средината од теренот го сочинуваат млади играчи на кои ќе им биде потребно време да го достигнат тоа ниво. Се надевам дека наскоро ќе ни се вратат неколку играчи, бидејќи во вакви околности немам многу опции за ротација. Многу фудбалери играат по 90 минути двапати неделно. Тоа не е лесно, особено, бидејќи поголемиот дел од нив се млади и неискусни – додаде Пирло.

„Бјанконерите“ после две рунди во ЛШ имаат три бода. Во наредното коло ќе му гостуваат на унгарскиот Ференцварош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот