Пирло: Дибала е голем шампион и наскоро ќе биде на терените!

twitter.com/KickOffMagazine

Не започна најдобро тренерскиот мандат на Андреа Пирло во Јувентус, во првите четири кола екипата веќе двапати ремизираше, а тука е и конфликтот со најдобриот играч во Серија А од минатата сезона, Пауло Дибала.

„Старата дама“ предводена од тренерот Андреа Пирло во саботата одигра само 1:1 на гостувањето кај Кротоне, а Дибала беше незадоволен, бидејќи не доби шанса за настап, иако беше на клупата за резервни играчи.

– Беше бесен, бидејќи не влезе во игра. Разговарав со него, како и со секој друг. Наскоро ќе игра – рече Пирло.

Се поставуваше прашањето како тоа немаше потреба еден од најдобрите офанзивни играчи на Јуве да не игра во моментите кога клубот од Торино имаше негативен резултат.

Јувентус не може да победи без Роналдо и Дибала (ВИДЕО)

– Се врати после три месеци неактивност и вкупно 10 минути тренинг. Едноставно немаше простор да влезе против Кротоне откако имавме играч помалку. Тој е клучен фудбалер за нас, тој е голем шампион и секако наскоро ќе биде на терените – додаде тренерот на Јувентус.

Да додадеме уште дека италијанскиот шампион во вторник (20. октомври) во Украина од 18.55 часот ќе го игра првиот натпревар од ЛШ против Динамо Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот