Пире од компири на француски начин (РЕЦЕПТ)

Пирето од компири е еден од најчестите прилози со различни оброци, а секој има свој начин на подготовка.

Некои додаваат путер, други млеко, некои го сакаат само посолено. Но, овој рецепт нема на кого не му се допаѓа.

Потребни ви се:

Еден килограм сварени компири
500 гр рендано сирење
Две чешниња истолчен лук
30 гр млечен путер
Една лажица кисела павлака
Сол и бибер

Подготовка:

Гмечете ги компирите како пире заедно со лукот. Додадете путер и павлака додека да се стопат во топлото пире. Потоа додадете го изренданото сирење и продолжете да мешате.

Зачинете и сервирајте по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот