Пирамидата во Тирана наскоро станува најголем центар на дигитална технологија на Балканот

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска на социјалните мрежи објави фотографии од градилиштето кое наскоро ќе ја трансформира пирамидата во Тирана.  Проектот за ревитализација на запуштената пирамида од комунистичкиот период  има за цел да го трансформира објектот во мултифункционален центар, обезбедувајќи простор за младите и луѓето да се занимаваат со уметност, култура и креативна технологија. Пирамидата ТУМО ќе има и балкон, кој ќе служи како туристичка атракција поради панорамскиот поглед на градот, а воедно е замислен како цветна градина.

 

Престижниот весник “The New York Times” посвети текст за проектот за трансформација на пирамидата од Тирана што ќе ја претвори во голем регионален центар на технологија и иновации и се очекува да биде отворен оваа пролет.

Познатото списание од областа на архитектурата “Dezeen” ја оцени трансформацијата на Пирамидата во Тирана како еден од 12-те најдобри архитектонски проекти во светот.

Овој центар финансиран од Владата, Општина Тирана и Американскиот фонд за развој, ќе има 18 соби во кои младите ќе можат да учат за различни компјутерски програми и 14 други паралелки за учење на природни науки.

Според проектот, Пирамидата е поделена на 3 дела каде што еден дел ќе биде за Тумо и занаставата што ќе се одржуваат внатре, еден дел ќе бидат бизнис системи и ИТ претприемачи каде многу од стартапите ќе вежбаат и тестираат производи. Иновацијата е во рециклирањето на целиот материјал оставен во пирамидата, кој ќе се користи за создавање на новата зграда, додека лизгачкиот надворешен дел ќе биде уреден каскадно како место за одмор на студентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот