Пипен: Највеќе уживав во двете сезони без Џордан

twitter/Yardbarker

Скоти Пипен беше омилениот соиграч на Мајкл Џордан и човек за кого се поврзуваат сите успеси на Чикаго булс и доминацијата во НБА лигата.
Тие заедно освоија шест титули во НБА, а многумина веруваат дека Пипен во сите тие години беше во целосна сенка на Џордан.

Интересно е што по завршувањето на „Последниот танц“, се јави и Пипен кој се потсети на времето кога во Чикаго не беше Мајкл Џордан.

– Не сакам да ме сфатите погрешно, нормално дека уживав да игра со Мајкл. Но, кога замина тоа беше можност да станам лидер на тимот и да бидам каде сум во однос на другите НБА ѕвезди. И тоа беше мојот најдраг период во кариерата, период кога највеќе уживав во НБА лигата – изјави Пипен.

Во тие две сезони додека Џордан играше бејзбол, Чикаго булс успеваше да обезбеди пласман во плејофот, но беше далеку од борбата за титулата.
– Мислам дека имавме две одлични сезони без него – вели Пипен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот