Пиоли среќен што останува на клупата на Милан

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Стефано Пиоли и наредната сезона ќе седи на клупата на „росоњерите“ откако потпиша нов договор.

Иако се наоѓаше пред отказ, неверојатната серија девет натпревари без пораз по рестартот на сезоната во Серија А, Стефано Пиоли потпиша нов договор со Милан и на „Сан Сиро“ ќе остане до 2022.

Откако продолжи сезоната по тримесечната пауза предизвикана од пандемијата на коронавирусот токму екипата на Милан е во најдобра форма и има скор од седум победи и само две ремија со што се искачи на петтото место на табелата.

– Ова не е одлука која се темели на последните победи, веќе се темели на тоа дека Стефано изгради тимски дух и единство во екипата. Одушевени сме со договорот, Пиоли покажа дека може да ја следи визијата која ја сака Милан – изјави по потпишувањето на договорот Иван Газидис, извршниот директор на Милан.

Пресврт во Милан, Пиоли добива нов договор

Задоволството не го криеше ниту самиот тренер.
– Среќен сум, знаев за ова веќе неколку дена. Да се добие шанса да се тренира ваков елитен тим од почетокот, екипа која знам дека е квалитетна и може да се развира е неверојатно искуство. Мора да се фокусираме на наредните три натпревари и да обезбедиме пласман во ЛЕ – изјави Пиоли.

„Скај Италија“ пренесува и дека Пиоли имал неколку понуди, дури и кога беше извесно дека Рангник ќе ја предводи екипата од наредната сезона, но италијанскиот стратег ги одби сите понуди и ја чекаше одлуката на Милан. На крајот ја дочека и доби нов договор до 2022 година.
– Го сакав ова и се надевав на вакво сценарио. Јас сум многу среќен човек – додава Пиоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот