Пинк се напи во изолација, па ја скрати косата: Пејачката се кае за својата фризура (ВИДЕО)

Instagram

За време на пандемијата од коронавирусот многу познати личности прават работи кои претходно ги немаат направено, но потегот на познатата пејачка Пинк (40) ги остави без зборови тие што ја следат.

Всушност, таа самата себе си ја скратила косата и тоа неуспешно.

Во видео на Инстаграм ја покажа новата фризура, доколку може да се нарече така.

View this post on Instagram

TBT

A post shared by P!NK (@pink) on

„Кога пијам, на памет ми доаѓаат одлични идеи. Така вчера вечер ми дојде идеја дека можам самата да си ја скратам косата“, напиша Пинк во описот на видеото.

На некои делови од главата таа воопшто нема коса, а некаде има и дупки. Таа нагласи дека ќе се обиде да ја поправи штетата и им препорача на сите да останат дома.

View this post on Instagram

Quarantine diaries

A post shared by P!NK (@pink) on

„Останете сигурни, останете дома, скратете ја косата“, се пошегува на крајот од видеото.

Инаку, Пинк последните две години ги помина патувајќи низ светот во склоп на турнејата „Beautiful Trauma World Tour“.

Таа истакна дека сега сака поинаков начин на живот – семеен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот