Пинк ќе паузира од музиката (ФОТО)

Пинк, Алесиа Бет Мур, потврди дека зема пауза од музиката најмалку една година.

Пејачката малку поинаквите планови за иднината ги откри на синоќешното доделување на Country Music Association наградите.

Последните две години ги помина на големата светска турнеја „Beautiful Trauma“ а сега сака промена.

– Време е да правам нешто друго на одредено време, изјави 40-годишната Пинк на црвениот тепих.

На доделувањето на наградите таа со себе го донесе тригодишниот син Џемсон, осумгодишната ќерка Вилоу и сопругот Кари Харт со кој наскоро ќе прослават 14 години брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот