Пилотите на Еуровингс најавија штрајк, 30 илјади патници останаа без летови

Еуровингс/ Фото: Rupert Oberhuser / Alamy / Alamy / Profimedia

Штрајкот на пилотите на Еуровингс најавен за утре ќе погоди 30.000 патници, соопшти денеска компанијата Луфтханза под која работи Еуровингс.

„Проценуваме дека ќе можеме да оперираме повеќе од половина од планираните 500 летови“, објави Луфтханза.

„Правиме се што е во наша моќ за патниците да не ги почувствуваат последиците од штрајкот“, велат од Луфтханза.

Преговорите меѓу пилотскиот сојуз на кокпитот Удрога (ВЦ) и Еуровингс завршија без резултати по 10-тата рунда преговори. Синдикатите бараат намалување на максималниот број на летoви по пилот, што го отфрла Еуровингс со образложение дека поради оваа мерка треба да откажат 20 отсто од летовите.

Директорот на Еуровингс, Каи Дуве, верува дека барањата на пилотите се „целосно неосновани“ и рече дека „Еуровингс“ веќе нуди „најдобри услови“ во споредба со другите европски авиокомпании.

Самата Луфтханза беше погодена од штрајкови на пилотите во неколку наврати во последните месеци, иако пилотите на оваа компанија се меѓу најдобро платените пилоти во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот