Пилот ИСТУРИЛ КАФЕ на контролниот панел – Авион со 326 патници МОРАЛ принудно да слета

Фото: Профимедиа

Авион со 326 патници морал принудно да слета во Ирска, бидејќи на контролната плоча во кабината на пилотот се истурило жешко кафе, објавиле светските медиуми.

Ербас А330-243 кој летал од Франкфурт за Канкун во Мексико, морал принудно да слета во градот Шенон во Ирска, рекле од Одделението за истражување на авионски несреќи.

Пилотот (49) одлучил да го слета авионот, бидејќи жешкото кафе предизвикало силен мирис на оган и чад, а едно копче на контролниот панел почнало да се топи.

Инцидентот се случил во февруари, кога пилотот ја ставил својата шолја со кафе без капаче на контролниот панел, место на држачот за кафе, се наведува во извештајот.

Немало повредени во инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот