Пилинг за тело од состојки кои сите ги имаме дома - Слободен печат
ЕспресоУбавина

Пилинг за тело од состојки кои сите ги имаме дома

Бидејќи сезоната на сончање е во полн ек, ви претставуваме рецепт за пилинг на телото кој можете да го направите дома со минимален трошок.

Веќе знаете дека маслиновото масло е одлично за здравјето, но тоа исто така е и супер сојузник и во секојдневната нега.

Маслиновото масло е богато со антиоксиданси како што се фенолите и витаминот Е.

Истражувањата покажаа дека ако нанесувате на кожата витамин Е пред излегување на сонце, го намалувате ризикот од појавата на изгореници, црвенило, лупење и сушење на кожата.

Бидејќи сезоната на сончање е во полн ек, ви претставуваме рецепт за пилинг на телото кој можете да го направите дома со минимален трошок.

Се што ви е потребно се маслиновото масло и морската сол.

Четвртина шолја морска сол помешајте со половина шолја маслиново масло и мешајте додека не добиете изедначена паста.

Влезете во кадата, нанесете го пилингот на телото и масирајте се подолго време со кружни движења, оставете го пилингот 5-10 минути на вас и добро измијте се.

Кожата ќе ви биде мазна и нежна како на бебе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close