Пилешкото филе во БИХ е поскапо од телешкото месо!

Фото: Архива

Килограм пилешко филе во месарниците и маркетите низ Босна и Херцеговина достигна цена до 16 марки (8,18 евра) за килограм, во зависност од пазарот. Велибор Поповиќ, претседател на Управниот одбор на Здружението на живина на Република Српска и директор на „Перутнина Птуј“ од Српч, во интервју за „Независне новине“ истакнува дека цените на пилешкото се стабилни подолго време, пишува Пословни дневник.

„Големопродажната цена на пилешкото филе се движи од 11 до 11,50 км со вклучен ДДВ“, вели Поповиќ.

Тој посочува дека компанијата нема проблеми со недостигот на ова месо и дека годинава имаат поголемо производство од лани за 15 проценти.

„Цените ќе останат на сегашното ниво бидејќи ништо значајно не се случува на пазарот на суровини“, рече Поповиќ и додаде дека сегашните цени на пилешкото треба да останат на ова ниво до крајот на годината и дека не се очекува зголемување.

„Но, што се однесува до цените за следната година, тие ќе зависат од жетвата на соја и пченка, така што последниот квартал од оваа година е подготовка за следната година. Во зависност од земјоделските култури и приносите на житото, можеме да планираме за следната година“, рече Поповиќ.

Един Јабанџиќ, претседател на Координативниот комитет на одгледувачи на живина на Босна и Херцеговина рече дека е тешко да се предвиди што ќе се случува понатаму. Годината беше тешка бидејќи, според него, житните култури потфрлиле во принос за речиси 50 проценти. Муриса Мариќ, извршен директор на Здружението за заштита на потрошувачите „Дон“ Приједор, рече дека пилешкото порано било најевтиното месо кое било достапно за сите потрошувачи.

„Денес килограм филе е поскапо од килограм телешко“, рече Мариќ, додавајќи дека цената на ова месо поскапела до тој степен што излегува дека производството на пилешко е најскапо,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот