Пилешки батачиња во лук и бело вино

Фото: Unsplash

Едноставните јадења се најчесто и највкусни, потврдува и рецептот на познатата готвачка Нигела Лосон за пилешко со лук и лимон. Лимонот и лукот ќе му дадат посебна арома и вкус на пилешкото месо. Лесното приготвување дополнително ќе ве привлече, а овој нов рецепт ќе стане ваш омилен.

Не е потребно да сте вешти во кујната бидејќи доволно е да ставите сè во плехот за печење, да додадете лимон, неколку чешниња лук, зачини по желба и да се препуштите на уживањето во мирисите што ќе шират од рерната.

Резултатот е сочно и меко месо кое освојува со освежителен вкус благодарение на лимонот.

СОСТОЈКИ:

– 6 пилешки копани
– 1 главица лук
– 1 голем лајм
– 1 лажица мајчина душица или неколку свежи листови
– 3 лажици маслиново масло
– 150 мл бело вино
– сол, бибер

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 160 целзиусови степени. Поделете го пилешкото на парчиња и излупете неколку чешниња лук. Исечете го лимонот на кругови. Ставете ги сите состојки во сад и подмачкајте ги.

Ставете ги копаните во садот за печење, додадете ги лимонот, лукот и мајчината душичка. Истурете го виното и печете ги половина час, но покриени со фолија или хартија за печење.

Извадете ја фолијата и печете уште неколку минути на 200 целзиусови степени додека не добијат крцкава кора.

Послужете со гарнир по желба.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот