Пиле не смее да прелета: „Рекорд“ ќе биде затворен до 17 часот

Поради активностите кои ќе се случуваат денеска во Собранието, а кои се однесуваат на ратификацијата на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, полицијата ги затвори сите приоди кон Законодавниот дом и се очекува така да биде до 17 часот.

Припадниците на МВР поставија кордон од полицајци, како и метални огради околу парламентот, па така затворен е паркот „Жена Борец“, како и сите околни улици, а само се пропуштаат возила од делегациите и гостите кои ќе учествуваат на свечената собраниска седница.

Сите граѓаните се принудени да кружат доколку сакаат да стигнат до одредена локација, а за жал се уште има неинформирани кои чекаат нивниот автобус да помине на некоја од постојките на „Рекорд“.

Во 16 часот пред Собранието ќе се развее знамето на НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот