Пикси: Штета, примивме голови по наши грешки

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Мундијалската програма во Катар денес започна со ремито на Србија и Камерун (3:3). Селекторот Драган Стојковиќ – Пикси доби жестоки критики од јавноста по завршувањето на натпреварот и многумина го сметаат за главен виновник.

Србија после еден час игра имаше водство од 1:3, а тогаш си дозволи да прими два гола со кој се стави во незгодна позиција пред последното коло во групата. На прес-конференцијата после натпреварот Пикси повторно ги истакна проблемите со повредени фудбалери.

„Имавме денес повторно проблем, два централни дефанзивци ни бараа измени, Вљковиќ и Павловиќ, па моравме да реагираме. Немаме среќа со тие повреди, здравствениот билтен не загрижува. Фрустрирам сум поради резултатот, играчите навистина сакаа да победат, реагираа одлично, имаше убави акции, посебно за третиот гол кој беше поезија на фудбалот. Но, тогаш дојдоа двата гола на Камерун на идентичен начин. Одиме вечерва да го гледаме вториот натпревар во групата и да навиваме за Бразил. Треба да се биде реален и да се анализира добро…Штета е, имавме период на феноменална игра и целосно го контролиравме натпреварот, поради грешките останавме без победи“, изјави Стојковиќ.

Србија се уште има шанса за следна фаза, меѓутоа за такво нешто мора Бразил да ја победи денес Швајцарија, но и Камерун во следното коло. Исто така Србија ќе мора да ја победи Швајцарија во нивниот натпревар во последното коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот