Пикси и официјално нов селектор на Србија

фото: Фудбалска федерација на Србија

Драган Стојковиќ Пикси и официјално е именуван за селектор на фудбалската репрезентација на Србија.
Тоа што се најавуваше извесно време кај нашиот северен сосед, денеска доби и официјална потврда, легендарниот фудбалер стави потпис на договорот со кој ќе биде предводник на репрезентацијата на Србија до крајот на квалификациите за ЕП 2024 година.

– Пресреќен сум и во исто време сум горд. Не постои поголема чест од тоа да се биде селектор на својата репрезентација, не можев да си посакам подобар роденденски подарок. Свесен сум за одговорноста која ја преземам, но во исто време верувам во своите тренерски квалитети, квалитетот на моите соработници и огромниот потенцијал кој го има репрезентацијата. Исто така чувствувам голема поддршка од сите страни и таа ќе ни биде неопходна за да ги оствариме нашите цели – изјави Стојковиќ на официјалната промоција како селектор на Србија.


Првата цел на новиот селектор ќе биде пласман на Светското првенство во Катар кое ќе се игра 2022 година. Србија се наоѓа во група со Португалија, Република Ирска, Луксембург и Азербејџан.
– Квалификациите стартуваат за брзо време и ние веќе се подготвуваме за тоа, ги анализираме противниците. Првите два ривали ни се неверојатно тешки и реално, тие ни се главните конкуренти за првите две места во групата. Резултатот ни е приоритет, но исто така сакам да доминираме во играта, да играме за гол повеќе и да бидеме тие кои ќе го контролираат натпреварот – вели Стојковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот