Пикси и Милошевиќ кандидати за селекторската клупа на Србија!?

Фото: twitter.com/CameronWEF

Легендарниот фудбалер и тренер Драган Стојковиќ – Пикси е главен кандидат за селектор на најдобрата српска репрезентација. Иако од друга страна српските медиуми претходно објавија дека Саво Милошевиќ наскоро ќе биде наследникот на Љубиша Тумбаковиќ.

Стојковиќ и Милошевиќ најмногу се поврзуваат со селекторската клупа, останува во наредниот период да се дознае која ќе биде одлуката на тамошната федерација.

Остануваа уште две недели од првиот собир на српската А селекција во чиј состав ќе се најдат играчи од домашното првенство за дуелите против САД и Доминиканската Република на американската турнеја од 21-31 јануари.

Шпекулациите велат дека Пикси кој доби рок од федерацијата до крајот на неделата да се изјасни по последната понуда.

Стојковиќ дотогаш ќе се обиде да ја реши ситуацијата околу раскинот на договорот во Кина каде има голема заработка од Гвангжу, иако веќе долг период не е на клупата на овој клуб.

Доколку му се исплати порано, тогаш тој сигурно ќе биде новиот селектор на Србија. А доколку до 11 јануари не дојде до конечен одговор, тогаш првите луѓе на српскиот фудбал ќе се насочат кон други решенија помеѓу кои се Саво Милошевиќ, но се одвојува и Владан Милојевиќ, екс тренер на Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот