Пике не тагува: И Челси лани не беше фаворит, па ја освои европската титула

Пике одлучи да ја напушти Барселона и да ја заврши фудбалската кариера/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике по убедливиот пораз од 0:3 на домашен терен од Баерн Минхен на стартот од Лигата на шампионите е свесен дека и оваа година ќе биде тешка и предизвикувачка за каталонскиот клуб.

Баерн славеше со головите на двојниот стрелец Роберт Левандовски и Томас Милер на „Камп Ноу“, а Пике прв по натпреварот се појави пред камерите.

– Тоа е она што е. Сега сме она што сме. Ќе продолжиме да се натпреваруваме, но ова ќе биде тешка година. Првиот гол беше несреќен, но вториот нè шокираше сите – рече Пике по натпреварот.

Тој смета дека работите во фудбалот брзо се менуваат, неговиот тим ќе се обиде да ја освои лигата, а овој месец е клучен.

– Ќе се обидеме да се подобриме во следните натпревари. Сигурен сум дека ќе се бориме и ќе се натпреваруваме за сè – додава искусниот дефанзивец на Барса.

Тој е убеден дека играчите кои вечерва не беа во составот, како што се Фати, Дембеле и Агуеро, ќе помогнат во следните мечеви. Исто така потсети дека Серхи Роберто не играше на својата позиција оваа вечер, но се жртвуваше за Барселона.

– Ја сака Барселона на нереален начин. Јавноста има право на мислење, но лошо е да се критикува играч кој дава сè од себе за клубот – вели Пике.

Тој воедно истакна дека Барселона не е фаворит за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона, но потсети и дека тоа не беше ниту Челси минатата сезона, па на крајот ја освои титулата во споменатото натпреварување.

Барселона ја продолжува сезоната во понеделник кога ја пречекува Гранада во шпанската „Ла Лига“, а следен ривал во ЛШ ќе биде Бенфика во Лисабон на 29 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот