Пике: Не е лесно да бидете фудбалер, треба да станувате секој ден во 9-10 часот и да тренирате
Некогашниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике даде изјава во јавноста со која предизвика бурни реакции и негативни коментари од „обичните“ луѓе.
Пике во едно гостување во ТВ емисија се обиде да објасни како на фудбалерите им е тешко тоа што треба да станат рано наутро и да тренираат, учат стратегии, вежбаат…
„Помеѓу луѓето преовладува мислење дека е лесно да бидете фудбалер, но не е така. Размислете малку, треба да се разбудите наутро во девет или десет часот, да облечете шорцеви и да одите на тренирање, па учење тактики и стратегии…Навистина не е лесно, не сакате да играте фудбал повеќе откако сте во него 20 години“, зборуваше Пике.
Од јавноста Пике во главно доби негативни коментари, а фановите му порачуваа дека веројатно не е свесен колку е потешко да се биде „обичен“ човек и да се заработува неспоредливо помалку за многу потешки работи од фудбалот. Исто така во коментарите не заборавија да го потсетат и дека работниците стануваат многу порано од девет часот.
🗣️Gerard Piqué: “La gente piensa que ser futbolista es muy bonito, pero a veces no te apetece. Piénsalo, levantarte a las 9 o 10 de la mañana, ponerte pantalones cortos y entrenar táctica y estrategia. ¡Es un fastidio! Después de 20 años jugando al fútbol, no quieres volver a… pic.twitter.com/3ezGgFZQxh
— Som I Serem FCB (@Somhiseremfcb) September 11, 2024