Пике е брутално искрен: И три часа да игравме, немаше да дадеме гол

Барселона во дербито на Ла Лига загуби со 2:0 од атлетико Мадрид/Мадрид, Шпанија/ 2 октмври/ фото: EPA-EFE/Ballesteros

Навивачите на Барселона ги преживуваат најтешките моменти во клупската историја, по неуспешната минатогодинешна сезона во која беа залечени раните со триумфот во кралскиот Куп, оваа сезона ја започнаа на најлош можен начин.

Пред почетокот на сезоната си замина најдобриот фудбалер во историјата на Барселона, Лионел Меси, долговите на клубот изнесуваат 1.3 милијарди евра, а игрите на теренот не влеваат надеж дека наскоро ќе дојдат подобри денови за каталонскиот тим.

Вчерашното дерби и поразот од Атлетико Мадрид од 2:0 покажа дека Барселона е далеку од битката за титулата во Ла Лига и по седум кола има само 12 бодови за деветто место на табелата.
Доколку наскоро нешто не се смени, Барселона може да остане и без пласман во Лигата на шампионите, натпреварување во кое славеше пет пати.

За тоа е свесен и еден од капитените на Барселона, Жерар Пике кој не сакаше да бара алиби за поразот во дербито.

– Добро го започнавме натпреварот, го притиснавме противникот и бевме храбри, но сепак тие поведоа. Постигнаа два гола од малку шанси, а потоа да игравме уште три часа немаше да постигнеме гол. Проблемот е комплексен и мора да признаам дека патиме. Треба да продолжиме да се бориме, да ја искористиме паузата која следува за да се вратиме посилни – искрен е Пике.

По првиот гол кој го постигна Тома Лемар, камерите го фатија Пике како се расправа со Серхио Бускетс.
– Го коментиравме примениот гол, никој не сака да прима голови. Немаме само еден проблем, повеќе сè, а луѓето почнаа да ги приметуваат.Не е потребно да бидете слепи за да не ги приметите недостатоците, ова се моменти во кои е тешко некој да се измами. Многумина од нас никогаш не биле во ваква ситуација. Односите во соблекувалната се многу добро, но и тоа се компликува – додава Пике.

ВИДЕО: Да се знае кој е шампион, Суарез му се „одмазди“ на Куман

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот