Пике: Доколку ни треба „свежа крв“, јас ќе бидам првиот што ќе си оди!

Барселона вчера доживеа понижување во Лисабон откако со дури 8:2 беше елиминирана од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

На тој начин се заокружи една неуспешна сезона, претходно играчите на тренерот Кике Сетиен не го одбранија трофејот во шпанската „Ла Лига“.

Еден од најискусните во клубот, дефанзивецот Жерар Пике после мечот истакна дека не може да се игра во Европа:

„Ауфидерзен“ Барса: Гол-машината Баерн броеше до ОСУМ! (ВИДЕО)

Срам е вистинскиот збор, се чувствуваме катастрофално. На клубот му се потребни промени од повеќе аспекти, мора да се погледнеме во очи и да видиме што е најдобро за Барселона.

Нема сомнение дека мора нешто да се менува од корен, дали ќе има заминувања на играчи, на тренерот или управата останува да видиме. Доколку ни треба „свежа крв“ во составот и ја промени ваквата динамика, јас ќе бидам првиот што ќе си оди, да се повлече – се зборовите на Пике.

Денеска (21.00 часот) германскиот шампион ќе го дознае својот противник во полуфиналето од ЛШ, Манчестер сити или Лион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот