Пик Сегед е противникот на Вардар во осминафиналето на ЛШ

принтскрин/youtube

Македонскиот и европски ракометен шампион ќе биде домаќин во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје на првиот натпревар против унгарскиот клуб…

После поразот од Монпелје и освојувањето на шестото место во групата „Б“, екипата на Вардар го дозна и противникот во осминафиналето од ракометната Лига на шампионите.

Пик Сегед е ривалот на македонскиот и европски шампион, унгарскиот клуб вечерва загуби на гостувањето кај Барселона со 30:28.

Први стрелци во Пик Сегед беа левиот бек Бодо со седум голови, пет запиша шпанскиот десен бек Македа.

На спротивната страна хрватскиот плејмејкер и поранешен играч на Вардар, Лука Циндриќ со седум погодоци. Во составот на Пик Сегед настапуваат двајца поранешни играчи на Вардар, Жоан Кањелас Хорхе Македа.

А освен шпанското дуо има уште многу врвни и квалитетни имиња со кои ќе се соочи нашиот првак како Алиловиќ, Банхиди, Бомбач, Габер, Хенигман, Калман, Миклер, Сигурмансон…

Вардар во периодот од 18-22 март ќе биде домаќин во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје на првиот натпревар против Пик Сегед, а реваншот од 25-29 март.

Победникот во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Висла Плоцк (Полска) и Веспрем (Унгарија) на нашиот Дејан Манасков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот