Пијано вечер со младиот пијанист Милан Дучевски

Првиот соло-настап на младиот пијанист Милан Дучевски, во „Пиjано Центар“ при Националната Опера и Балет, ќе се емитува онлајн на Фејсбук-страницата и на Јутјуб-каналот на приватното училиште „Пијано Арт“ на 22 јуни, во 20 часот.

Програмата на концертот вклучува дела од Ј.С. Бах, Л. ван Бетовен, Ф. Лист, А. Хачатурјан, Ф. Шопен, Т. Зографски и С. Рахмањинов.

Милан Дучевски е роден на15.08.2005 во Скопје. Своето музичко образование го започнува во „Пијано Форте“, по што продолжува во приватното музичко училиште „Пијано Арт“ во Скопје, во класата на проф Маја Стојановиќ. Тој има учествувано на повеќе национални и меѓународни натпревари и семинари на кои има освоено високи награди.

Минатата година, на покана на професор Ана Велиновска, Дучевски учествуваше на меѓународната летна школа во Лилиенфелд, Австрија, каде доби многубројни пофалби за неговата музичка изведба. Милан ќе го продолжи своето музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, со цел да ја оствари својата животна желба да стане професионален пијано изведувач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот