4 C
Скопје

Пијано рециталот „Фантазија“ ќе се одржи во Камерната сала на Филхармонија

Бугарскиот пијанист Евгениј Генчев со рециталот „Фантазија“ на 23 февруари, во 20 часот, ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од елегичниот Албинони и романтичните Шопен и Лист.

Пијанистот Евгениј Генчев настапува во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија, а добитник е над педесетина национални и интернационални награди на натпревари за пијано. Неговите изведби биле пренесувани и на телевизиски програми, како „РТЛ“, „АРД“, „ЗДФ“, „Дојче веле“ и др. Исто така, настапувал и на телевизиското шоу на Хајди Клум – „Топ модел“, на фестивалот „ПаРус“ во Дубаи, заедно со Лука Шулиќ и Филип Киркоров.

Генчев настапувал во многу концертни сцени во светов – „Кофман центар“ во Њујорк, во Филхармонијата во Минхен, „Алтре Опер“ во Фракфурт, „Бриџвотер хол“ во Манчестер, „Мерцедес арена“ во Берлин, Центарот на национални уметности во Мексико Сити, Филхармониската сала „Глинка“ во Санкт Петербург, Националниот центар за изведувачки уметности во Пекинг. Последнава сезона настапуваше со Филхармонискиот оркестар во Мексико Сити, со Полската филхармонија „Фредерик Шопен“ во Гданск, со Филхармонискиот оркестар ЛИСМА во Њујорк, со Симфонискиот оркестар во Пловдив, соработувајќи со диригенти како Максимилијано Калди, Аркади Лејтуш, Језус Месина, Жан -Паскал Тортелие.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Разговор со Ивана Хаџиевска: Многу делови од женската историја се избирашни од културната меморија

Евегениј Генчев е роден во Бугарија, а пијано учел во Националното училиште за музика и танц „Добрин Петков“ во Пловдив. Својата едукација ја продолжува на Кралската академија во Лондон и на Интернационалната пијано академија „Incontri col Maestro“ во Имола, Италија. Исто така, ја има завршено и програмата за „уметничка диплома“ на училиштето за музика и драма „Гилдхол“ во Лондон, соопштија од Филхармонија.

Поврзани вести

„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации

СП.

ВИДЕО | Разговор со Ивана Хаџиевска: Многу делови од женската историја се избирашни од културната меморија

Александра Бубевска

ВИДЕО | Спасов: Делото на Блаже Конески е обединувачко не само за македонскиот народ туку и за сите заедници што живеат во државата

Денови на црногорска култура од денеска до 3 март

Слободен печат

За новата книга „Тетовскиот говор” тетовци со резервации кај авторот Дарко Гавровски

МИА Агенција

„Зад стоговите сено” – филм кој ја потврдува грчко-македонската културна соработка

МИА Агенција

Остави Коментар