Пијанистката Ана Велиновска ќе настапи на два фестивали во Швајцарија

Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе настапи на фестивалот „Звуци на Алпите“, кој ќе се одржи од 12 до 15 август во срцето на швајцарските Алпи. На фестивалот ќе изведе три светски премиери на дела од композитори од Русија, Ерменија и Швајцарија.

Потоа Велиновска ќе настапи и на Луцерн фестивал, еден од водечките фестивали во светот на класичната музика, кој ќе се одржи во градот Луцерн во Швајцарија, од 10 август до 12 септември. На фестивалот годинава ќе настапат плејада од меѓународни ѕвезди, меѓу кои пијанистите Даниел Баренбоим и Јуџа Венг, мецосопранот Чечилија Бартоли, виолинистката Ен-Софи Мутер, диригентите Валери Гергиев и Сер Сајмон Ратл, а ќе гостуваат оркестри како Виенската и Берлинската филхармонија.

Пијанистката Ана Велиновска во тим со специјалисти за нова класична музика ќе изведе швајцарска премиера на музиката на Ребека Саундерс, резидентната композиторка на Луцерн фестивал 2021.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 85, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-20 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот