Пијана мајка родила бебе со четири промили алкохол во крвта

Во Универзитетската болница во Литванија се родило девојче со 4 промили алкохол во крвта. Мајка на девојчето е 35-годишна жена која за време на породувањето била во алкохолизирана состојба, пренесува Euronews.

Според зборовите на докторите, состојбата на мајката е стабилна, но не можат да дадат прогноза за состојбата на бебето бидејќи на неговиот организам ќе му бидат потребни неколку седмици за да се прочисти од алкохолот.

„Убаво девојче, два и пол килограми, изгледа нормално.Тешко е да се каже што ќе биде понатаму“, рекла докторката Наталија Григориева, која наведува дека во својата 40-годишна кариера првпат се среќава со ваков случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот