ПИЈАНА БАЛЕРИНА направила хаос на Хитроу: Се тепала и ги гризела полицајците

балерина
Принтскрин

Балерината од Мадрид, Дајана Андреас Ривера направила вистински хаос на лондонскиот аеродром Хитроу.

Таа физички ги нападнала службениците и полицајците кои се обиделе да ја спречат да се качи на летот, поради видната алкохолизирана состојба, пренесува „Сан“.

Претходно таа останала на улица откако била избркана од станот во кој била сместена. Како што наведува „Сан“, таа не била во состојба да го пронајде својот пасош, па полицијата морала да го забрани пристапот до авионот.

Откако ѝ забраниле да се качи во авионот и се обиделе да ја приведат, таа физички ги нападнала полицајците и службениците, а еден го изгризала и почнала да го гребе.

Кога се обиделе да ја запрат, станала уште поагресивна. При претресот на багажот ѝ пронашле и нож во куферот, за кој велела дека не знае дека го носи.

Таа ќе биде казнета за поседување ладно оружје и напад на службени лица, а пресудата ќе каже дали казната ќе биде парична или затворска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот