Пијан завршил во училиштен двор во Крапина: Возел без дозвола и со 2,34 промили алкохол во крвта

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Триесетидвегодишен маж во алкохолизирана состојба денеска со автомобил влета во двор на основно училиште во Крапина, но, за среќа, никој не е повреден, пишува индекс.хр.

Возачот бил без дозвола и со 2,34 промили алкохол во крвта.

Тој со автомобил „рено твинго“, околу 16 часот движејќи се кон центарот на градот, минал во спротивната лента на коловозот, па пробил ограда и дрворед и преку шеталиште завршил во училиштен двор.

Возачот бил превезен во локалната болница и, според хрватските медиуми, минал без повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот