Пијан печен компир (РЕЦЕПТ)

Состојки:

750 грама компир
2 лажици маслиново масло
200 мл суво бело вино
5 гранчиња рузмарин
сол, црн пипер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирот исечкајте го на мали парчиња. Префрлете го во сад, прелијте го со маслиново масло, посолете, додајте црн пипер и измешајте.

Компирот наредете го во подлабок подмачкан плех за печење. Прелијте го со виното и распоредете ги гранчињата рузмарин.

Печете 15-20 минути. Кога виното ќе испари, компирот многу брзо ќе стане крцкав, па внимавајте да не ви загори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот