Пијан албански државјанин истепал сонародник

Основното јавно обвинителство од Гостивар започма истрага против државјанин на Република Албанија кој додека пиело алкохол со сонародник во гостиварското село Неготино го повредил.

Истрагата открила дека насилникот престојувал во напуштена куќа во селото, без регулиран престој во државава. Заедно со него во куќата престојувале уште петмина државјани на Албанија.

„На 14 мај, додека вечерале и консумирале алкохол, меѓу двајца од нив дошло до вербална расправија.
Сега осомничениот ја удрил жртвата со бокс во челото и му нанел видлива повреда. Од ударот, жртвата паднала и здобил тешки повреди изразени како фрактури на две ребра.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го уважи предлогот на надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. Особено се ценеше фактот дека лицето не приложи доказ за регулиран престој во земјава и дека постои опасност тој да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот