Пиги земи ме бе, Пигии…! Абе кој ти….матер!

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Има неколку легендарни реплики од култниот македонски филм „Среќна нова 49 та“. Една од нив ми „легнува“ за да ја објаснам целава оваа „заебанција“ со недобивање датум за преговори и инаетот на Макрон.

Гоце Тодоровски, алиас Тодор во филмот, инаку „залепен“ и зависен до коска од маалскиот мангуп Коста, викан Пиги, го моли својот идол да го земе со себе на Запад, во Италија, каде овој решава да замине и да ја напушти татковината, заглавена во мито, корупција, криминал, диктатура на пролетарјатот, на медиокритетсво, и на бесперспективност. Тој молежливо вика по него: „Пиги земиме бе со тебе, Пигии…“, цимоли Тодор. Откако Пиги не реагира на молбите и преколнувањата, Тодор во секунда се „прибира“ од стресот и му довикнува: „Абе кој ти ебе матер!“ се свртува и си оди по својот пат. Каде, и како ќе продолжи сам, не знае и тој, но балканскиот дух на преживување па макар и со неизвесност пред себе го надвладува. Се разбира то не го засегна многу Коста кој веќе се качува „под“ воз и нелегално заминува на Запад.

Што ми е муабетот. Ние, сега и овде во оваа настаната ситуација сме и Пиги и Тодор. Толку слатко би му го рекле на Макрон она што Тодор му го кажа на Пиги, ама и од петни жили сакаме да одиме таму кај што одамна замина Пиги. Можно ли е тоа?! На филм да. Кога би имало продолжение на „Среќна нова…“ и Тодор би заминал за Европа. Па кај да оди! Дома земјата не се оправа, а нели најчуената реплика во филмот/стварност, беше „Исток не отпиша, запад не не запишуе“.

Сега кој знае можеби Исток пак сака да не запише.

Значи едноставно, назад нема. Или има? Ако има тогаш тие што ќе не водат натаму треба јасно и гласно да ни кажат, навреме: Од сега па натаму бродот го вртиме во друг правец. А ние ќе треба да се согласиме или не. За да не рипаме во длабокото па да се удавиме.

Значи сега на претстојните избори, редовни или вонредни за кои од петни жили се залага опозицијата, нема да не интересираат само празни флоскули за правда, демократија, кој краде повеќе, кој помалку, туку каде ќе ја водат Македонија, дали Северна или обична, како тоа ќе го изведат, со кого, преку кои води и т.н.

Колумнава ја започнав со култниот македонски филм „Среќна нова…“ а ќе завршам со легендата на македонската забавна музика:

„Каде, каде песно моја, кое ли море ти бранува сон, каде, каде љубов моја зар ова не твојот дом…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот