Пиете по две кафиња дневно? Веројатно не сте ни свесни колку калории внесувате (ФОТО)

Кафе со млеко и тиква (Pumpkin Spise Latte)

Сите љубители на кафе би требале да внимаваат на ова. Доколку водите сметка за својата линија би можеле да ве шокира фактот колку калории во денот внесувате во вашето тело, а воопшто не сте свесни. Полно калории во организмот се внесуваат преку течностите па така и кафето, а колку – зависи од видот на кафето кој го пиете.

Ова преку детален графикон го објасни тренерот Граеме Томлинсон кој сакаше да ги информира своите следбеници за влијанието на кафето.

„Нема ништо лошо во консумирањето капучино, лате кафе или макијато со карамела, но таквите напитоци често влијаат на калорискиот дефицит, ако се обидувате да го остварите и да намалите килограми“, напишал тој.

инстаграм

Со многу јасен пример покажал колку калории внесувате неделно доколку пиете само две кафиња дневно. Доколку вашиот избор е големо кафе со млеко и карамела, тоа е 3500 калории неделно, односно 15.500 месечно.

14 кафиња со млеко неделно значи 2660 калории или 11.780 месечно, додека 14 големи капучина неделно додаваат 1680 калории или 7440 месечно.

Најдобар избор е црното кафе без шеќер и млеко кое воопшто не ѝ наштетува на линијата бидејќи содржи 0 калории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот