Пиела апчиња за слабеење: Лиза Мари Присли ослабнала 20 килограми пред смртта

Лиза Мари Присли / Фото: Profimedia

Неколку недели пред нејзината ненадејна смрт, Лиза Мари Присли изгубила околу 20 килограми за многу краток временски период, пишува „Ти-ем-зи“.

Имено, Присли имала желба да изгледа добро на сите настани во сезоната на филмските награди, бидејќи филмот „Elvis“, посветен на нејзиниот татко Елвис Присли, важи за еден од фаворитите на филмските критичари.

Нејзиното последно јавно појавување беше токму на доделувањето на престижните филмски награди Златен глобус, каде што присуствуваше со нејзината мајка Присила Присли.

Извори блиски до нејзиното семејство велат дека, непоредно пред доделувањето на Златните глобуси, Лиза Мари  имала естетска операција и дека пиела апчиња за слабеење. Членовите на нејзиното семејство, исто така, веруваат дека таа истовремено пиела и опоиди.

На денот кога починала (12 јануари), Лиза Мари се пожалила на болки во стомакот, а подоцна доживеала срцев удар и итно била пренесена во блиската болница каде лекарите констатирале смрт.

Наодите од обдукцијата сè уште не се објавени.

Повеќе на темата:

Трагичната животна приказна на Лиза Мари Присли: Го изгуби татка си на девет години, а син ѝ изврши самоубиство на 27-годишна возраст

Лиза Мари Присли месечно трошела 400.000 долари на одвикнување од зависности

Присила Присли го оспорува тестаментот на ќерката Лиза Мари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот