Пицула: Блокадата на Макрон го врати фокусот на ЕУ на проширувањето

Тоа е европската перспектива на Западен Балкан, имено политиката на проширување на ЕУ, таа е моќна алатка за стабилизирање на регионот, кој преживеал дури пет војни во последните триесет години, рече Пицула.

Известувачот на Европскиот парламент за препораките за Западен Балкан Тонино Пицула вели дека францускиот претседател Емануел Макрон „направил грешка” со блокирање на разговорите за пристапување во Тирана и Скопје, но и „постигнал нешто непланирано” – а тоа е да се врати фокусот на ЕУ за проширувањето.

Пицула, во интервју за Дојче веле, укажува на фактот дека од „француската блокада”, односно условеноста на пристапните преговори на Република Северна Македонија и Албанија со реформата на пристапниот процес, сите големи институции на ЕУ, како и високи претставници на Унијата, ја поддржаа европската перспектива на Западен Балкан.

– Тоа е европската перспектива на Западен Балкан, имено политиката на проширување на ЕУ, таа е моќна алатка за стабилизирање на регионот, кој преживеал дури пет војни во последните триесет години, рече Пицула.

Покрај новиот претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, новиот министер за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархеји, кои јасно ставија до знаење на почетокот на мандатот за продолжување на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, Тонино Пицула исто така наведува значителна поддршка од земјите – членки на ЕУ.

Пицула вели дека големите членки на Унијата како Германија и Италија, но и помалите како Австрија, се свесни за важноста на политиката за проширување.

– Сите овие земји инвестираат во политички, економски и симболички капитал во проширувањето. Верувам дека внатрешните политички пресметки на францускиот претседател Макрон нема одеднаш да го променат нивниот фокус, рече Пицула за Дојче веле.

Тој изрази очекување дека 2020 година и самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб ќе го вратат кредибилитет и интензитет на политиката за проширување.

Тој повтори дека верува оти Република Северна Македонија и Албанија заслужуваат да започнат преговори и оти е прашање на кредибилитетот на Европската унија да им овозможи да започнат преговори под условите под кои тие го започнаа процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот