ПФЛ: Вардар на стартот против Борец, дербито на Чаир

фото: фејсбук/вардар

Дерби пресметката помеѓу скопските и тетовските „црвено-црни“ треба да се игра во деветтото коло.

Новата сезона во Првата фудбалска лига ќе стартува на 9. август, а наинтересен ќе биде натпреварот во Чаир помеѓу екипите на Шкупи и на Шкендија, одлучи денешната жрепка.

Во есенскиот дел е предвидено да се одиграат 18. кола од кои последното е закажано за 16. декември.

Во новата сезона во ПФЛ наместо 10 екипи колку што настапија во минатата сезона, ќе се натпреваруваат 12 бидејќи ФФМ одлучи поради пандемијата на коронавирусот од ланската сезона да не испадне ниту една екипа, а да влезат најдобрите две од вторите лиги.

Шампионот Вардар над кого виси дамоклов мач бидејќи поради големите финансиски проблеми се уште не познато со каков тим ќе игра во новата сезона, во првото коло треба да игра Борец. Големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија е предвидено да се игра во деветтото коло на Скопје.

Двојки за 1 МФЛ, натпреварувачка сезона 2020/21, 1. коло:

Шкупи – Шкендија
Македонија Ѓ.П. – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга Трим Љум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот