ПФЛ: Маневски со два гола му пресуди на Вардар

фото.: ФК Пелистер

Големото дерби во македонскиот фудбал помеѓу Пелистер и Вардар заврши со триумф на битолчани кои славеа со 2:0 во првата фудбалска лига. Човек на одлука беше искусниот Борче Маневски ко ги постигна двата гола и му го зголеми маките на Вардар во битката за опстанок.

Маневски првиот гол го постигна 17. минута, а конечниот реузултат го постави во 87. минута од пенал. Пелистер сега има 32 бода, додека Вардар кој го доживеа петтиот пораз во последните шест натпревари, е 10. со 27 бодови, само еден повеќе од зоната за испаѓање.

Лидерот на табелата Шкендија со 2:1 го совлада Силекс и го искористи киксот на Шкупи за да направи двоцифрена предност на табелата, и во исто време огромен исчекор кон освојување на титулата. Сите три гола паднаа во второто полувреме, Шкендија поведе во 63. минута со голот на Нафиу, но Ѓориев во 77. израмни. Човек на одлука за Шкендија беше Ибраими кој победничкиот гол го постигна на четири минути до крајот на натпреварот.
Шкупи на домашен терен загуби од Ренова со 1:2 и го загуби чекорот со лидерот Шкендија.Ренова поведе со 0:2 со головите на Јашароски и Мишковски, а Шкупи единствено што успеа да направи е во 85. минута да го ублажи поразот преку Адеми.

фото: ФК Пелистер

Резултати:
Работнички – Борец 2:1
Шкендија – Силекс 2:1
Струка ТЛ – Беласица 3:1
Шкупи – Ренова 1:2
Пелистер – Вардар 2:0

Табела: Шкендија 56, Шкупи 46, Македонија ЃП 41, Струга ТЛ 37, Работнички 36, Борец 33, Пелистер 32, А. Пандев 31, Ренова 27, Вардар 27, Силекс 26, Беласица 14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот