Пеза: Албанија би сакала да чекори без застанување покрај Северна Македонија на патот кон ЕУ

Албанија и Северна Македонија го започнаа процесот на членство во ЕУ под различни околности. Во последниве години, ова патување беше заедничко во време, што е практика на ЕУ и НАТО да се зближат со група земји што ги исполнуваат критериумите за членство. Од специфични околности, од време на време, Тирана се чинеше дека заостанува зад Скопје, додека сега се чини како Скопје да е во опасност да се оддели од можноста за приближување на нашите две земји истовремено.

– Албанија имаше проблеми со природа на политички дијалог меѓу власта и опозицијата, како и процесот на реформи што треба да ги спроведе земјата. Додека Северна Македонија, покрај внатрешните проблеми, имаше и сè уште има, нерешени проблеми со соседите. ЕУ никогаш не претпочитала да увезува билатерални прашања пред новите членства во унијата. Ова го казни Скопје кога Албанија и Хрватска ја добија поканата за членство во НАТО на Самитот во Стразбур / Кел, одржан во април 2009 година. Во тоа време, Македонија имаше проблеми со Грција околу нејзиното име и ред други прашања што беа решени денес. Во меѓувреме, има и други проблеми со Бугарија во врска со прашањето за јазикот. Софија сака Скопје да признае дека македонскиот јазик е од бугарско потекло. Албанија има нула проблеми со соседите и ги исполни сите критериуми за одржување на првата меѓувладина конференција во јуни, што се очекува да овозможи „де факто“ отворање на првите поглавја за членство во ЕУ – вели за Слободен печат, Алфред Пеза, аналитичар од Тирна.

Според него, Албанија би сакала да чекори без застанување покрај Северна Македонија кон остварување на заедничкиот стремеж на нашите народи. Но, додава тој, тоа не зависи од желбите на официјална Тирана!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот