Петтиот протест „Србија против насилството“ денес во Белград

Фото: Нова.рс

Во Белград од 18:00 часот пред Собранието на Србија ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“, точно еден месец откако 13-годишник уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија.

Шефот на пратеничката група на Народната партија, Мирослав Алексиќ ги повика граѓаните да донесат цвеќе на протестот, кое ќе го остават во зградата на Претседателството.

Барањата на протестот се разрешување на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми и раководството на РТС, затворање на печатените медиуми, укинување на програмите и националните фреквенции на оние медиуми кои промовираат насилство, како и разрешување на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и директорот на БИА Александар Вулин.

на протест повикуваат опозициските пратенички групи Обединети, Народна партија, Демократска партија, Заједно Морамо и Клубот Зелено-левичарски, но нагласуваат дека протестот не е политички.

Протестот првично беше најавен за вчера, но беше поместен за денеска, меѓу другото, бидејќи одредени десничарски организации најавија истовремено собир во центарот на Белград поради ситуацијата на Косово.
Тие организации исто така го преместија собирот за денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот